Преглед
- Ажурирано на:
- март 30, 2026
- 202
Опис
Се издолжува функционален деловен простор од 202м², позициониран во рамки на BIG BOX Home Center, еден од најдинамичните трговски комплекси во источниот дел од Скопје. Просторот е организиран на две нивоа, со две издвоени простории, кујна и два санитарни јазли, што овозможува оперативна флексибилност за различни видови дејности.
Локацијата обезбедува исклучителна видливост кон булевар „Киро Глигоров“, со директен пристап и екстензивен паркинг капацитет, што значително го подобрува пристапот за клиенти и вработени.
Позициониран на веќе докажано развиена комерцијална зона, просторот се наоѓа во непосредна близина на Retail Park GODI, K Plaza и LIDL, што создава стабилна и интензивна фреквенција на посетители.
Во рамки на комплексот BIG BOX се лоцирани и повеќе специјализирани продавници за мебел, осветлување, детски играчки и компјутерска опрема – дополнителен плус за бизниси што бараат синергиско делување со веќе оформен комерцијален екосистем.
Овој простор претставува одлично решение за компании кои бараат репрезентативна позиција, лесен пристап и силна присутност во деловно-трговски амбиент во подем.









