Преглед
- Ажурирано на:
- јуни 22, 2026
- 1,000
Опис
Се изнајмува модерен деловен простор во ексклузивна деловна зграда лоцирана во Карпош, Скопје. Просторот е флексибилен и овозможува изнајмување на различни површини од 120 m² до 1000 m², прилагодливи според потребите на закупецот.
Објектот нуди функционален распоред со отворени работни зони и одделни канцелариски простории, комплетно опремен со кујна, две санитарни јазли и три тераси кои обезбедуваат дополнителен комфор и природна светлина.
Зградата е со висок енергетски стандард и нуди целосна инфраструктурна поддршка, вклучувајќи 24/7 обезбедување, видео надзор, професионално управување и стабилна интернет конекција. Греењето е централно преку топлификација, додека ладењето и дополнителното греење се обезбедени преку четирицевни фан-којл систем.
Дополнително, достапни се паркинг места во подземна гаража по цена од 60 € месечно.
Карактеристики:
- Површина: 120 – 1000 m²
- Локација: Карпош, Скопје
- Цена: 16 €/m²
- Паркинг: 60 € / место
- Отворен + канцелариски распоред
- 3 тераси
- Кујна и 2 тоалети
- 24/7 обезбедување и видео надзор
- Централно греење + фан-којлери
- Енергетски сертификат Б
- Интернет / Wi-Fi
- Управување на објектот
- Празен простор (подготвен за уредување)


























