Нашиот тим специјализира за посредување со малопродажни простории на високо-фрекфентни улици, советодавно посредување за трговски центри, малопродажни паркови и магацини.

Изборот на малопродажен простор во согласност со различните барања, кои понекогаш се тешки за да се исполнат на пазарот претставува не само огромна одговорност, но и вистински предизвик.

Познавањето на локалниот пазар, способноста за скенирање на пазарот и идентификување на опипливите можности кои во компаративна анализа би произвеле посакуван простор, бара посветен стручен тим и тесна соработка со клиентот, која што ги елиминира сите недоразбирања.

Нашиот тим за малопродажба дава целосна поддршка на меѓународните инвеститори, олеснувајќи го нивното влегување на пазарот и нуди различни советодавни услуги, дефинирање на миксот на закупци до посредување, проектен менаџмент и маркетинг. Пет малопродажни професионалци се на ваше располагање за да ве информираат за најновите трендови на пазарот и да ви ја обезбедат најдобрата понуда согласно на вашите барања.

Услуги:

  • Стратешко советување
  • Посредување за закуп на малопродажен простор
  • Стратегии за Multi-store проширување
  • Дефиниција за правилен распоред на закупци
  • Анализа на интересни зони
  • Истражување, демографски и анализи на пазарот
  • Продажба на имот и превземања