Главната мисија на ЦБС Интернационал, е да се стреми константно да го подобрува квалитетот и ефикасноста на своите услуги како би ги надминале очекувањата на клиентите и би ја стекнале нивната доверба кога станува збор за советодавни услуги во врска со недвижности.
Нашата цел на локално ниво е да станеме првиот избор на нашиот клиенти кога станува збор за советници во врска со недвижности, делувајќи во насока на нивните побарувања и очекувања.
Ќе го исполниме сево ова преку остварување на дефинираните стратешки цели, креативноста, професионализмот и експертизата на нашите вработени, преку нивна целосна посветеност во идентификувањето и приспособувањето на услугите како тие најдобро би одговарале на потребите на клиентот, трудејќи се да ги надминеме неговите очекувања.
Веруваме дека на овој начин ќе додадеме дополнителна вредност на бизнисите на нашите клиенти, сопственици и пошироката заедница, како и развој на нашите вработени.
Ова ќе го постигнеме преку:
- Разбирајќи ги потребите на нашите клиенти
- Исполнување на сите важечки регулаторни барања
- Охрабрување на соодветен и постојан личен развор на сите наши вработени
- Целосна внатрешна и надворешна контрола на нашите процедури и системи
- Постојано надградување на примарните процеси, квалитетот и раководењето со луѓе
- Брз одговор на сите недостатоци и превземање на системски превентивни мерки со цел минимизирање на таквите недостатоци и надминување на истите во согласност со очекувањата на клиентот следејќи ги договорните, законските и глобалните мерки.