Оценување на можноста за потенцијални превземања, анализа на ефикасноста на постојните средства или анализа на најдобриот начин за употреба на имотот, нашите квалификувани консултанти вршат процена и даваат стратешки совети за широк спектар на капитални и пазарни трансакции.
Нашите проценки се подготвени во согласност со The RICS Appraisal and Valuation Standards, последно издание. Традиционално постојат три општи пристапи кон вреднување на деловните средства: пристап според Трошоците за Замена, пристап според Продажна Споредба, како и пристап според Билансот на Капитализација. Секој пристап гледа на процесот на процена од различни перспективи, вклучувајќи податоци од различни извори и има свои предности и слабости.
- Сертифицирани проценители во согласност со Македонските законски норми, како и RICS сертифицирани проценители на клучни глобални и домашни банки во Србија и Црна Гора
- Над 1000 проценки во сите сегменти на пазарот на имот
- Редовна процена на сите видови на имот:
- Канцеларии
- Шопинг центри
- Хотели
- Станбени објекти и објекти од мешовит карактер
- Индустриски и логистички објекти
- Развојно земјиште
- Алтернативни инвестиции
- Имотно Портфолио